Новиот лидер на Конзервативната партија, Борис Џонсон, кој утре од Тереза Меј ќе ја презеде должноста премиер на Велика Британија вети дека процесот за излез на земјата од Европската Унија ќе заврши до 31 октомри.
Тој тоа го кажа во победничкиот говор по објавата дека на внатрешните избори во партијата убедливо го победил досегашниот министер за надворешни работи, Џереми Хант, кому му заблагодари на почетокот од говорот.
„Ние ќе донесеме нова енергија во земјата. Ние ќе го завршиме Брегзитот до 31 октомври и ќе ги искористиме сите можности“, изјави Џонсон, пренесе „Ројтерс“.