Авантурист, кој себеси се нарекува уметник за екстремно балансирање, го прослави својот 40. роденден во стил искачувајќи се на работ од карпа за да изведе стој на раце на надморска височина од 396 метри, пренесува „Спутник“.
Ескил Ронингсбакен го снимил својот потфат на видиковецот „Рампестрекен“ во Андалснес, Норвешка, на 24 јуни. Тој пешачел еден километар за да стигне до таа област.
На работ на видиковецот, Ронингсбакен направил скала на која го извел стојот на раце.
https://youtu.be/v-KEmElymx0
Ронингсбакен со години ги изведува своите акробации, вклучувајќи го и потфатот од 2011 година, кога балансираше на работ на клисура на велосипед, куп столици и на трапез без безбедносен ремен. Тој исто така изведе и стој на една рака над фјорд во 2013 година, на 600 метри надморска височина.
Ронингсбакен, кој се смета себеси повеќе за уметник отколку за авантурист, вели дека неговите настапи се заради создавање уметност.
„Едноставно не постои простор за грешки, но тоа е она што го правам и е заради создавање уметност. Не гледам голем дел од пејзажот додека балансирам бидејќи тоа е едноставно простор за преживување, но пред и потоа ја гледам природата и уживам во неа”, изјави Ронингсбакен за „Дејли мејл“.