Во Мексико секојдневно по сто убиства

Во Мексико регистрирани се рекорден број убиства во првата половина од годината откако нивниот број порасна за 5,3 отсто во споредба со истиот период во 2018 година.

Во јуни се забележани 3.080 убиства, што е пораст за осум проценти во однос на истиот месец од минатата година.

Мексико има речиси 125 милиони жители, а сега има околу 100 убиства дневно.

Во првата половина од годината со 17.608 убиства е поставен рекорд откако во 1997 година почна да се води статистика, надминувајќи ја бројката на насилни смртни случаи во мексиканската војна против дрогата во 2011 година.

Според официјалната статистика во првата половина од 2018 година убиени се 16.714 лица.

Судирите помеѓу наркокартелите за територија се посебно крвави во северната држава Сонора, каде бројот на убиства порасна за 69 отсто. Додека во државата Синалоа, од каде потекнува осудениот наркобос Хоакин Гусман познат како Ел Чапо, забележани се 23 отсто помалку убиства во однос на минатата година.

Треба да знаете
Последни објави