Израелски пилот привремено приземјен откако по грешка истрелал ракета во Сирија

Пилот на израелското воено воздухопловство (ИАФ) привремено е суспендиран откако истрелал ракета воздух-воздух кон, како што се покажало, лажна цел на израелско-сириската граница на крајот од минатиот месец, објави израелскиот „Канал 12“.

Инцидентот се случил на 28 јуни откако ИАФ ангажирало авион да реагира на сомнителна воздушна цел што се приближувала кон израелскиот воздушен простор над окупираната Голанска Висорамнина, но на крај се покажала лажна.

Според израелските медиуми, истреланата ракета полетала на територија на Сирија и експлодирала. Пилотот на авионот, наводно, бил суспендиран поради сериозна оперативна грешка, но во меѓувреме суспензијата му истекла.

„Канал 12“ не обезбеди други детали за инцидентот и не е јасно дали имало жртви на сириската страна.

Израел призна дека извршил воздушни напади врз Сирија во последниве неколку години, велејќи дека нападите се насочени кон спречување на наводните планови на Иран за наметнување влијание во Сирија за оттаму да го нападне Тел Авив.

Треба да знаете
Последни објави