Партијата на Зеленски може да обезбеди 253 места во новиот украински парламент

Партијата на украинскиот претседател Владимир Зеленски, Слуга на народот, може да обезбеди 253 од 450 места во новоизбраниот парламент, според анализата на ТАСС спроведена откако Централната изборна комисија на Украина (ЦИК) објави резултати на изброени 93 отсто од гласовите.

Според прелиминарните податоци, Слуга на народот може да обезбеди 124 места од партиските листи и 129 места во изборните единици со единечни мандати.

Опозициската платформа За животот би можела да освои 44 пратенички места.

Партијата на поранешниот премиер Јулија Тимошенко, Баткивчина, која сега е трета, може да обезбеди 25 места во новиот парламент. Партијата за европска солидарност предводена од поранешниот украински претседател Петро Порошенко може освои 24 пратенички места, а партијата Голос на музичарот Свитослав Вакарчук може да добие 20 места во Врховната рада.

Другите партии кои учествуваа на предвремените избори може да сметаат на 10 места во новиот парламент.

Околу 226 гласа се потребни за донесување одлуки во украинскиот парламент и најмалку 300 за изменување на Уставот на земјата.

Треба да знаете
Последни објави