Петра Еклстоун (30) и нејзиниот свршеник Сем Палмер (34) требаше да се венчаат за помалку од три недели, но помладата ќерка на сопственикот на Формула 1 одеднаш ја одложи свадбата. Со овој потег таа ги изненади своите пријатели, пишува „Дејли мејл“.
Вистинската причина за ненадејното одложување на Петра е непозната, но странските медиуми велат дека членовите на семејството, наводно, ја разубедиле од свадбата. Тие сметале дека таа премногу брза со мажачката, бидејќи Сем го запознала пред само една и пол година.