Поранешната сопруга на Роман Абрамович ќе се мажи за пет години помлад грчки милијардер

Даша Жукова, поранешната сопруга на рускиот милијардер и сопственикот на „Челзи“, Роман Абрамович, се сврши со грчкиот милијардер Ставрос Ниархос. Според руските медиуми, 38-годишната Жукова и 5 години помладиот Ставрос ќе прават голема свадба на крајот од годината.

Роман и Даша наводно се во добри односи и покрај разводот. Тие се разведоа во 2017 година, по 10 години брачен живот. Двојката има две деца – шестгодишната ќерка Леа Лу и десетгодишниот син Арон Александер.

Треба да знаете
Последни објави