Лидерот на шпанските социјалисти, Педро Санчез, не успеа да ја добие поддршката од парламентот за формирање на владата, но му останаа уште два дена да се обиде да постигне договор со крајната левичарска партија Подемос за да обезбеди просто мнозинство.
На Санчез, којшто е вршител на премиерската должност, уште од изборите одржани на 28 април му се потребни најмалку 176 од 350 гласови, меѓутоа не успеа да ги обезбеди, пренесе „Ројтерс“.
На лидерот на шпанските социјалисти му останува уште една шанса в четврток за обезбедување на мнозинството.