(Видео) Жесток напад во национален парк: Бизон удри девојче и го крена неколку метри во воздух

Деветгодишно девојче преживеа жесток напад на бизон во Националниот парк Јелоустоун во САД. Животното се залета кон детето, го исфрли неколку метри во воздух, по што девојчето претрпе непријатно приземјување.

Иако посетителите на овој национален парк добиваат препораки да се држат на безбедно растојание од животните во резерватот, група од околу 50 посетители го игнорирале предупредувањето и се приближиле на неколку метри од бизонот.

Во еден момент животното се стрчало кон групата туристи, при што најлошо минало деветгодишно девојче, кое бизонот го исфрлил неколку метри во воздухот.

За среќа, девојчето не добило сериозни повреди. Кратко било во болница, но набрзо, била пуштена дома.

Треба да знаете
Последни објави