Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас по трансферот од фнербахче во Италија изјави дека е среќен и возбуден што ќе игра во Наполи и најави дека ќе им покаже на сите колку вреди.
Македонецот вчера ги помина редовните лекарски прегледи, позираше во боите на Наполи и доцна вечерта им се приклучи на своите нови соиграчи во тренинг кампот во Димаро
–Навистина сум среќен и возбуден што ќе играм во Наполи. Ова е мојата голема шанса, предизвик да им покажам на сите колку вредам, рече Елмас кој со зделката од 16+3 милиони евра стана рекордна продажба на Фенербахче и рекорден трансфер за македонски фудбалер.