Поради изведување геодетско снимање и геомеханички истражни работи на магистрален пат А2, делница Струмица-Дабиле, ќе има изменет режим на сообраќајот од 05:00 до 12:00 часот во времетраење од пет работни дена.
Од АМСМ информираат дека во останатиот дел од државата сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.