Лестер: Никој не е ни блиску до сумата што ја баравме за Мегваер

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, потврди дека сè уште никој не ги понудил бараните пари од клубот за Хари Мегваер. Дефанзивецот е трансфер цел, главно на Манчестер Јунајтед, а медиумите објавија дека „лисиците” ја отфрлиле понудата од 70 милиони фунти, надевајќи се дека ќе добијат околу 80 милиони. Дури кога некој ќе се согласи со условите на Лестер, тогаш на англискиот репрезентативец ќе му биде дозволено да преговара за своите лични услови.

– Не можам да ви кажам која цена клубот ја поставилна Мегваер, бидејќи тоа се инсајдерски информации. Лестер е во одлична финансиска состојба и не е принуден да го продава. Ако некој си оди, тогаш кандидатот за него мора да плати колку што сакаме. Имаме топ играч кој е таргет на врвните клубови. Го почитувам нивниот интерес и ги разбирам, но досега не сме добиле понуда што е близу до она што, колку ние го цениме. Немам информации дали во скоро време имало нов предлог, изјави менаџерот на клубот, Брендан Роџерс.

Тренерот исто така објасни дека самиот Мегваер ја прифаќа добро ситуацијата и не бил под влијание на неуспешните обиди да биде купен од страна на Јунајтед.

– Хари се справува фантастично. Тој никогаш не протестирал. Тој е одличен професионалец и ова се гледа во начинот на кој е концентриран. Не можам да кажам дали сака да остане во Лестер, но забележувам како се однесува кон неговите должности. Хари е совршен професионалец со кого е задоволство да се работи. Само неколку такви играчи сум сретнал во мојата кариера, додаде Роџерс.

Треба да знаете
Последни објави