Новата германска министерка за одбрана, Ангерет Крамп-Каренбауер, денеска положи заклетва на функцијата, на вонредна седница на Бундестагот.
На специјалната седница таа се заколна дека ќе се посвети да ја зголеми корисноста на војската и да ја минимизира штетата во неа. Лидерката на ЦДУ ја заврши својата заклетва со зборовите „Бог нека ми е на помош“.
Во Парламентот присуствуваа 709 пратеници кои беа принудени да го прекинат летниот одмор поради 90-минутната церемонија, јавија локалните медиуми.
Каренбауер на министерската позиција ја наследи Урсула фон дер Лејен, која минатата недела беше избрана за претседателка на Европската комисија.
Нејзиното назначување за министерка дојде како изненадување за многумина, бидејќи само пред десетина дена беше категорична дека нема да врши функција во кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, инаку нејзина претходничка на челното место на ЦДУ.