Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска во Штип заедно со 11 градоначалници од Источниот плански регион го потпишаа договорот за тековното работење на Центарот за развој на Источно планскиот регион. Милевски истакна дека со овој договор ќе се трансферираат околу три милиони денари на сметката на Центарот, со што ќе може и непречено да работи и да дава поддршка на општините при аплицирање на проекти до фондовите на ЕУ, но и до министерствата.
–Она што е што ги запознавме градоначалниците е Владата за оваа година одвои 48 мил. денари за регионалниот развој финансирајќи 13 проекти за регионален развој, развој на селата и на таканаречени специфички региони, вели Милевски.
Тој истакна дека Владата оди во насока на зголемување на средствата за рамномерен регионален развој и поголема поддршка на осумтте плански региони.
Претседателот на Советот на градоначалници на ИПР, Николчо Илијев истакна дека се задоволни од финансиската поддршка, што ја добиваат од Владата. Уверен е дека со овој договор непречено ќе можат да се реализираат передвидените проекти за оваа година,а во интерес на граганите на регионот. .
-Мислам дека ова е уште една убава прилика каде покрај нашиот разговор за нашите интереси и приоритети, да ја покажеме нашата желба за правилно користење на средствата што ги добиваме од централната власт. Без овие пари тешко би ги реализирале планираните проекти, а од интерес на граганите, вели Илијев.
Овој договор за тековно работење на планските региони требало да се потпише на почетокот од годинава од претходниот министер, но по реакцијата на центрите и на градоначалниците веднаш е реагирано и реализирано од страна на актуелниот министер Милевски.