Министерот за економија Крешник Бектеши, се приклучи на „МојДДВ“ караванот по повод мерката за враќање на 15% од пресметаниот ДДВ и скенираше фискална сметка на промотивниот штанд кај супермаркетот „Тинекс“- „Раде Кончар“ во Скопје.
„Мерката поврат на 15% од ДДВ има големо значење не само за граѓаните, туку и за целокупната економија. За граѓаните е важно затоа што на крајот на годината дава можност за плата плус во секое семејство, но за економијата ќе значи намалување на сивата економија. Граѓаните со барање на фискални сметки и нивно скенирање на апликацијата МојДДВ ќе бидат еден вид инспектори, што ќе значи дека директно ќе влијаат на намалување на сивата економија. Тоа на крајот ќе значи и повеќе пари во буџетот на државата. Поголемиот буџет од друга страна ќе значи и поголема поддршка за домашниот бизнис што ќе резултира со отварање на нови работни места, поголеми плати подобар животен стандард за граѓаните. Намалувањето на сивата економија е клучно за подобрување на бизнис климата во земјата односно за создавање на предвидлив амбиент за компаниите кои што работат во Република Северна Македонија, без оглед на тоа дали се домашни или странски, кажа министерот Бектеши.
Министерот ги повика граѓаните да скенираат фискални сметки и да ја користат апликацијата „МојДДВ“ бидејќи со тоа ќе придонесат не само за раст на економијата, туку и за домашниот буџет. Досега се скенирани над 4 ипол милиони фискални сметки