Напуштен танкер на крајбрежјето на Јемен се заканува да го претвори Црвеното Море во црно, пренесува РТ. Експертите предупредуваат дека наталожувањето испарливи гасови во бродот би можело да предизвика катастрофална експлозија што би исфрлила милиони галони нафта во морето.
Танкерот, кој е закотвен во близина на јеменското пристаниште Рас Иса, содржи околу 1,1 милион барели нафта, но е заглавен во место од 2015 година. Меѓутоа, танкерот брзо пропаѓа по годините неодржување, а ситуацијата му се влошува, ризикувајќи глобална еколошка катастрофа од историски димензии.
Бродот ѝ припаѓа на државната нафтена компанија, „Јеменската корпорација за нафта и гас“.
Во зависност од годишното време и морските струи, истекувањето од танкерот може брзо да стигне во Суецкиот канал и да се прошири до Ормускиот Теснец, изјави потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања, Марк Лоукок, пред Советот за безбедност на ОН.
„Замислете го ефектот од таквата катастрофа врз животната средина, превозните рути и врз глобалната економија”, рече тој, додавајќи дека продолжуваат дискусиите за решавање на овој проблем што е можно побрзо.
Лоукок вели дека неговата агенција планирал да направи проценка на ризикот на бродот неделава, но рече дека неговиот тим бил отфрлен од локалните власти, кои одбиле да ги обезбедат потребните дозволи.
Иако бунтовниците од племето Хути кои ја контролираат владата на Јемен – формално познати по нивното париско име Ансар Алах – првично побарале помош со пловечката бомба, но Лоукок вели дека сега продолжуваат да ги одложуваат сите чекори за решавање на проблемот.
Владата предводена од Хутите претходно побара гаранција дека ќе им биде дозволено да го извадат вредниот товар од танкерот – речиси 60 милиони долари во нафта – меѓутоа, меѓународните санкции за земјата во моментов го прават овој план неодржлив.
Владата на Јемен поддржана од Саудиска Арабија, која е во егзил, ја искористи ситуацијата со танкерот за распаѓање за да ги критикува своите ривали.
Стравувањата од експлозија на танкерот не се само метафорични; гасовите што се создаваат во одделот за складирање би можеле да предизвикаат експлозија со сериозна моќ, изјави за Си-ен-ен Даг Веир, експерт од Опсерваторијата за конфликти и животна средина во Велика Британија. Ризикот од експлозијата ја зголемува не само опасноста за животната средина, туку и за секој несреќник што ќе се најде во близина на танкерот во тој момент.