Општина Делчево креира стратегиј за надворешна комуникација

Делчевската локална самоуправа започна процес на изработка на стратешки документ за надворешна комуникација. Стратегијата ќе се изготвува во соработка со Регионалниот центар за застапување од Делчево, а за таа цел ќе се реализираат неколку работилници на кои ќе биде идентификувана целната публика, клучните пораки, како и каналите кои се користат за секојдневна комуникација.
 
Како што информираше Марио Вељковиќ, експерт за стратешко планирање, проектниот циклус ќе опфати неколку активности, кои ќе придонесат кон воспоставување на оваа стратегија.
 
-На првата работилница која се одржа во рамки на овој проект присуствуваа претставници од локалните институции, НВО-секторот и од општинската администрација, со кои се дискутираа повеќе точки, кои беа клучни за прибирање информации за начинот на кој моментално Општината комуницира со јавноста. Се идентификуваше целната публика, клучните пораки кои се пренесуваат и каналите за комуникација кои се користат. Присутните преку работа во групи ги идентификуваа клучните области и проблемите и заеднички изнаоѓаа решенија за утврдување на процесите, истакна Вељковиќ.
Во понатамошната фаза од изработката на стратешкиот документ, како што додаде, ќе се направат интервјуа, онлајн анкети анализа на постоечки канали за комуникација, се со цел, да се воспостават нови алатки и активности кои ќе се користат во иднина.
 
Имплементацијата на проектот „Стратегија за надворешна комуникација со Општина Делчево” ќе трае шест месеци, а стратегијата која ќе се изработи, ќе се однесува за период од три години и ќе биде прв стратешки документ од ваков вид во микрорегионот. Со негова изработла се очекува да се поттикне поголем развој во делот на комуникациите кон екстерната јавност во Општина Делчево.
Проектот е финансиран од Општина Делчево преку мерката за годишно финансирање на здруженија и спортски клубови.
Треба да знаете
Последни објави