Поранешен припадник на СС вклучен во масакрот во Аск во 1944 е обвинет за поттикнување омраза

Поранешниот припадник на СС, Карк Мунстер, вклучен во масакрот во Аск во 1944 година, е обвинет во Германија за поттикнување на расна омраза и оштетување на сеќавањето на мртвите, соопшти Јавното обвинителство на Хилдесхајмм јавува дописникот на МИА.

Стариот Мунтер (96) е обвинет за забелешките што ги дал во интервјуто со јавниот радиодифузер АРД, што било емитувано на 29 ноември 2018 година. Тој во интервјуто уверува „дека бројката од шест милиони Евреи убиени од нацистите е претерана”. Обвиненителството ја следи жалбата на семејствата на жртвите од масакрот во Аск во северна Франција, во кој загинаа 86 цивили.

Тоа им овозможува на потомците да се надеваат на судење на стариот СС-овец, по нивниот неуспех да му судат на поранешниот СС за неговата улога во убиството. Во март 2018 година, германското јавно обвинителство  објави напуштањето на обвинието, бидејќи осомничениот веќе бил осуден на смрт во отсуство од страна на воениот суд во Франција во 1949 година и не можел да се суди по втор пат за исто злосторства.

Освен неговите коментари за Холокаустот, Карл Мунтер е обвинет и за тоа дека тој тврдеше дека жртвите од Аск биле исто така одговорни за нивната смрт. Запрашан од АРД дали ги жали овие настани, тој одговори: „Воопшто не! Зошто да жалам? ” Според јавниот обвинител, поранешниот СС уверува дека не знаел дека е снимен. Во случај на пресуда, Карл Мунтер се соочува со казна затвор од пет години.

Поради својата возраст, медицинската експертиза сè уште не е извршена, со која треба да се потврди дека е способен да биде суден, за да може да дојде до судење. И покрај неговата казна по војната, поранешниот СС никогаш не бил затворен. Живеел во северозападна Германија каде работел во Поштата.

Тимот на АРД, кој го спроведе интервјуто, изјави дека го нашле додека присуствувал на неонацистички состанок.

Во текот на ноќта од 1-ви и 2-ри април 1944 година, 86-те цивили беа убиени од страна на СС во знак на одмазда за несреќата на возот кој превезувал околу 350 СС-овци.

Треба да знаете
Последни објави