Почна сослушувањето на Харадинај во Хаг

Во Специјалниот суд за воени злосторства извршени од припадниците на ОВК, со седиште во Хаг, почна сослушувањето на косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај, кој доби покана од Трибуналот како осомничен.

Претходно, Судот го сослуша поранешниот портпарол на ОВК, Јакуп Красниќи.

Харадинај и Красниќи вчера заминаа за Хаг. Пред заминувањето, Харадинај изјави дека заминува чесно и со крената глава и дека повторно ќе ја докаже чистотата на борбата на ОВК.

Красниќи досега нема откриено дали е повикан во својство на обвинет или како сведок.

Треба да знаете
Последни објави