Актерката Бела Торн призна дека е пансексуалка

Познато е дека актерката Бела Торн отворено зборува за својата сексуалност, но сега призна дека е пансексуалка, односно дека ја привлекуваат лица без оглед на нивниот пол или родов идентитет.

Актерката претходно зборуваше дека ја привлекуваат мажи и жени и дека е бисексуалка, но сега сфатила дека е пансексуалка.

„Неодамна сфатив дека всушност сум пансексуалка. Некој детално ми објасни што е тоа и јас сум пансексуалка. Едноставно ги сакам сите човечки суштества. Ви се допаѓа тоа што ви се допаѓа. Не мора тоа да биде маж, не мора да биде ни жена. Всушност само сакате некого и нечија личност“, изјавила Торн.

„Сакам секси мажи, сакам секси жени. Сакам секси генерално“, додала таа.

Иако многумина ги поврзуваат бисексуалноста и пансексуалноста, разликата е во тоа што бисексуалноста подразбира привлечност кон двата пола, додека пансексуалноста вклучува привлечност и кон други лица кои не се ограничени со пол или со родов идентитет.

Актерката за својата сексуалност пишува во новата книга „The Life of a Wannabe Mogul: Mental Disarray“. Исто така пишува и за осудата од јавноста и навредите кои морала да ги трпи поради нејзината дислексија, како и за борбата со депресијата.

Треба да знаете
Последни објави