Бетис има договор со Милик од Наполи

Шпанскиот клуб Бетис сака да го купи напаѓачот на Наполи, Аркадиу Милик, објави „Естадио Депортиво”.

Според истиот извор, Полјакот има договор со Наполи до 2021 година и се уште не потпишал нов, и дека има устен договор со Бетис уште од крајот на 2018 година.

Потпретседателот на клубот Жозе Мигуел Лопез Каталан за италијански весник ниту ја потврди, ниту ја демантираше веста околу ангажманот на офанзивецот на Наполи.

– Милик е играч кој сме го следеле во минатото и сега бараме напаѓач, но засега не можам да кажам ништо повеќе, изјави Каталан.

Инаку, Милик минатата сезона одигра 47 натпревари и постигна 20 голови, а неговата моментална вредност е 40 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави