Додека во поголемиот дел на Европа се бележат екстремно високи температури, Боливија издаде предупредување до населението поради зголемена опасност од студ.
Националната метеоролошка и хидролошка служба (Senamhi) прогласи портокалов аларм во западниот дел на земјата поради силни ветришта и снег. Властите издадоа предупредување во шест од вкупно девет региони.
„Ситуацијата е најлоша во регионите Ла Паз, Оруро и Потоси“, рече метеорологот Данило Помиер.
Поради многу снег, неколку големи патишта се привремено затворени, вклучувајќи го и Ла Паз – Кочабамба, што е непрооден поради магла и снег.
Предупредувањето е во сила сѐ до четврток или петок кога се очекува прекинување на врнежите и пораст на температурата.