Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска официјално ќе стане премиер на Велика Британија, кога премиерката Тереза Меј ќе му ја предаде должноста по нејзината оставка, откако не успеа да ги увери пратениците да го поддржат договорот за брегзит.
Владејачката Конзервативна партија објави дека нејзините членови го избрале Џонсон на изборите во трката со неговиот конкурент Џереми Хант.
Меј околу пладне ќе одговара на пратенички прашања во парламентот, пред да одржи завршен говор пред резиденцијата на Даунинг стрит 10, по што ќе ја посети кралицата Елизабета Втора за официјално да ја извести за оставката.
Потоа Џонсон ќе има сопствена аудиненција кај кралицата, пред да се врати да го одржи говорот пред зградата на канцеларијата на премиерот.
Се очекува вечерва или утре да бидат објавени новите членови на Владата. Џонсон исто така ќе го извести парламентот за плановите во врска со брегзит.