Првиот избор на годинешниот драфт Зион Вилијамсон, иако во октомври ќе дебитира во НБА, веќе заработи 75 милиони долари од спонзорски договор.
Младата ѕвезда на Њуорлеанс пеликанс, на 19-годишна возраст потпиша седумгодишен договор со брендот „Џордан”, од кој ќе заработи 75 милиони долари.
– Се чувствувам неверојатно благословено што станав член на семејството на брендот Џордан. Уште како дете сонував за НБА лигата и на влијанието врз играта што ја имаше и се уште го има Мајкл Џордан. Тој е еден од моите посебни спортисти на кои сум се угледал и не можам да се изразам колку сум среќен и возбуден поради ова патување, изјави Вилијамсон.
„Џордан” е бренд во сопственост на Најк, а меѓу кошаркарските ѕвезди кои ги снабдува се Расел Вестброк, Џими Батлер, Крис Пол, Блејк Грифин и Џејсон Татум.