Директорот на агенцијата, Зоран Атанасов апелира до луѓето кои ќе патуваат надвор од државата, во Македонија да не внесуваат храна од животинско потекло, а одгледувачите да не ги одгледуваат свињите на отворено.Ваквата забрана доаѓа поради болеста африканска свинска чума. Во Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека во земјава таа сеуште не е регистрирана но тие превземаат посериозни мерки по информациите дека чумата се појавила во областа Русе во Бугарија. АХВ веќе издаде решение за организирано затрелување на дивите свињи.