Голем танкер кој плови под британско знаме транзитираше низ Ормускиот Теснец во придружба на фрегата на Британската кралска морнарица во првотот такво поминување откако Иран минатата недела заплени британски брод, пренесува „Брејтбарт“.
Транспортерот на гас „БВ Елм“, на „БВ груп“ помина низ теснецот во вторникот и покрај упатствата од британската влада за избегнување на рутата.
„БВ Елм“, изграден во 2007 година, е првиот британски брод со носивост над 10.000 тони кој го изведе транзитот откако „Стена имперо“, танкер во сопственост на „Стена балк” од Велика Британија, беше заробен од Исламската револуционерна гарда на 19 јули. Британскиот воен брод „ХМС Монтроуз“ го следеше бродот од мала оддалеченост, но не му обезбеди директна придружба.
Британскиот секретар за надворешни работи, Џереми Хант, го опиша нападот на ИРГЦ во петокот како чин на пиратство.
„Ако Иран продолжи по овој опасен пат, мора да прифати дека цената ќе биде поголемо западно воено присуство во водите долж нивното крајбрежје, не затоа што сакаме да ги зголемиме тензиите, туку едноставно затоа што слободата на навигацијата е принцип што Британија и нејзините сојузници секогаш ќе ја бранат “, рече Хант.
Тој рече дека Британија започнала разговори со претставници од повеќе земји за да се воспостави контрола. Во меѓувреме, британската морнарица го испрати ХМС Данкан, разорувач, да го замени ХМС Монтроуз во теснецот.
Податоците од сајтот за следење „Марин трафик” покажаа дека комерцијалниот брод пристигнал во едно пристаниште во Катар рано во средата по преминит низ теснецот. Сопственикот на бродот одби да коментира за спецификите на патувањето, но рече дека компанијата е благодарна за поморското присуство на Британија и на меѓународната заедница, кои ја обезбедуваат сигурноста на бродовите во таа област.