Историското финале на Вимблдон и понатаму е тема број еден во тенискиот свет.
Новак во највозбудливото и најдолгото финале во историјата на Вимблдон го совлада Федерер (7:6, 1:6, 7:6, 4:6, 13:12) иако Швајцарецот во 16-от гем во одлучувачкиот потег имаше две врзани меч топки на свој сервис.
Многу тениски експерти по натпреварот имале впечаток дека Федерер бил подобар во овој дуел иако на крајот беше поразен. Тие се држат и до статистиката која покажува дека Швајцарецот освоил 14 поени повеќе од Новак на овој натпревар.
Меѓутоа, големиот ривал на Новак, Шпанецот Рафаел Надал ја зазел страната на Србинот. Тој не се согласува со констатациите дека Ѓоковиќ имал многу среќа во финалето.
„Тенисот не е како фудбалот во кој еден среќен удар може да одлучи на крајот. Во тенисот на среќа можеш да победиш можеби еднаш или двапати во две години“ – изјавил Надал.