Општина Аеродром ги ослободува сите дрвја што се заробени на неколку локации на територијата на Општината.
Станува збор за дрвја чии стебла се целосно забетонирани или затворени со бекатон-плочки што го оневозможува нивното растење.
На територијата на Општина Аеродром се детектирани околу 20 вакви дрвја, кои се наоѓаат по должината на булеварите „12-та македонска бригада“ во населбата Лисиче, „Јане Сандански“ и АСНОМ, неколку во Горно Лисиче, како и на улицата „23 Октомври“.