Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Е.В.(19) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 19.12.2017 во Кичево, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана.