Во врска со денешниот протест на театарските уметници и граѓани,кои се против уривањето на Националниот театар реагираше премиерот Еди Рама,кој на статус на Твитер напиша дека новиот национален театар ќе биде изграден како план на владина одговорност.
-Ниту едно малцинство не може да држи во заложништво ништо и никого во оваа земја. И покрај почитувањето на едно малцинство на театарски актери и политичари кои никогаш не влегле во театар, туку се навикнати да прават театар од се, новиот Национален театар ќе биде изграден како владин план и одговорност,напиша Рама.
Додава дека никој нема мандат, ниту право да ја попречи изградбата на новиот театар.
-Изградбата на нов национален театар бара главниот град, државата, нацијата и поголемиот дел од заедницата на театарски уметници. Идентично како и новиот национален стадион, тоа ќе биде километарски камен на патот за Албанија што ја сакаме.Кој не се согласува е почитуван, но нема ниту мандат ниту право да попречува,- порача Рама.
Од друга страна против уривањето на театарот е опозицијата,која и денес беше дел од демонтрантите пред објектот.
Демократскиот лидер Љуљзим Баша, во обраќањето рече дека уривањето на театарот е „криминален проект и служи за перење пари од дрога”. Посочи дека театарот го заштитуваат актерите,но оти и тие се тука „да не ја дозволат оваа кражба”.
Шефот на државата пак,Илир Мета, достави барање до Уставниот суд Законот за уривање на театарот да го прогласи за неуставен.