Иран е подготвен за праведни преговори, но не и за капитулација, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.
Тој не прецизира какви преговори има предвид, но најверојатно се работи за можни преговори со Вашингтон, јавија американски медиуми.
Лани претседаелот на САД Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот Договор од 2015 година, но нагласи дека е подготвен да преговара со Иран.
– Додека јас сум на чело на извршната власт во државата, ние сме целосно поготвени за праведни законски и чесни преговори за решавање на проблемот, се вели во изјавата на Рохани објавена на неговиот сајт.
Но, во исто време, предупредува Рохани, „не сме готови да седнеме на маса за капитулација под маска на преговори”.
Тој ги обвинува Саудиска Арабија и Израел дека се обидуваат да попречат постигнување конечен договор за нуклеарната програма на Иран.