Бекот на Кристал палас Мамаду Сако ќе ја тужи Светската антидопинг агенција за 15 милиони евра поради уништување на неговата фудбалска кариера.
Причина за тужбата е негативниот ефект врз неговата кариера кој беше предизвикан со неговото суспендирање од страна на Светската антидопинг агенција поради користење забранети супстанци.
Французинот во 2013 година дојде во Ливерпул од ПСЖ за околу 20 милиони евра, и имаше блескав настап во Енфилд се до април 2016 година, кога после натпреварот на Лига Европа меѓу Ливерпул и Јунајтед тој подлегна на тест, од кој резултатите беа позитивни, однос беа пронајдени недозволени супстанци за топење на салото.
Поради едномесечната суспензија, Сако го пропушти финалето на Лига Европа, а во тој период го изгуби и местото во француската репрезентација за Еуро 2016, иако дотогаш беше стандарден репрезентативец.