Во првата половина од годинава во Словенија се откриени и приведени 5.300 мигранти. Од нив, 1.802 побарале азил, а само на 40 им е одобрен.
Словенечката влада, предводена од премиерот Марјан Шарец, ја заостри политиката кон илегалните мигранти и најави поставување нова ограда на границата со Хрватска во должина од 40 километри.
Бројот на нелегални мигранти во Слоненија годинава е зголемен од лани првенствено поради поволните временски услови.
Минатата година азил побарале 2.875 лица, а одобрен им бил на 102.