Јанакиевски од Шутка однесен на операција на срце

Јанакиески од вчера е во болница.Тој од притвор во затворот во Шутка е пренесен во болница. Според информациите од неговите адвокати тој мора да се оперира. Потребата од итна операција е од минатата недел ког на лекарски преглед било дијагностицирано дека има потреба од итна интервенција на срцето.

Јанакиески е веќе во приватна болница во Скопје. Тој досега три пати беше во притвор во Шутка. Првпат лани на 14 ноември минатата година, еден ден по бегството на Никола Груевски, по налог на Специјалното јавно обвинителство каде е обвинет во пет случаи. Втор пат беше внесен во притвор по налог на Јавното обвинителство за организиран кримина и корупција во февруари каде е обвинет дека е еден од организаторите за нападот врз Собранието на 27 април. Тогаш во притвор беше нападнат од член на кумановската група осуден за „Диво насеље“. Последниот пат  Јанакиески влезе во Шутка за случајот со планираната изградба на Шпанските скали на скопскиот плоштад.

Треба да знаете
Последни објави