Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва, по преземањето на должноста, именуваше министри во новата Влада, кои ќе му помогнат да спроведе Брегзит до 31 октомври.
Џонсон го именуваше поранешниот министер за Брегзит, Доминик Раб, кој ја напушти владата на Тереза Меј поради нејзиниот договор за излегување на Велика Британија од ЕУ, за шеф на дипломатијата и за прв државен секретар.
За нов министер за финансии именуван е поранешниот министер за внатрешни работи Саџид Џавид, додека поранешната министерка за меѓународен развој Прити Пател именувана е за министерка за внатрешни работи.