СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Л.(53) од струшкото село Долна Белица и С.И.(31) од Струга поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
При претрес на автомобил „форд фокус” со струшки таблички, управуван од С.Л. на 18 овој месец, пронајдени се три црни патни торби со 26 паковања во кои имало 47 килограми и 745 грама марихуана и 47,68 грама кокаин.
На двете лица, како што соопшти СВР Охрид, изречена им е мерка притвор во траење од 30 дена.