Tрадиционална крводарителска акција по повод 26 Јули “ЗА СКОПЈЕ СО ЉУБОВ, ДАРУВАЈ КРВ- БИДИ ХУМАН ! “

Црвен крст на град Скопје, со поддршка на Општинска организација на Црвен крст Кисела Вода и во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина традиционално, на 26 Јули ќе организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, но и во знак на покажаната солидарноста и хуманоста на нашите сограѓани. Крводарителската акција оваа година ќе се одвива на споменатиот датум (26 Јули, петок) во периодот од 09:00-17:00 часот во Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје кој се наоѓа во ДХО Даре Џамбаз. Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани.

И со оваа акција, придонесуваме кон нашата долгорочна цел- непречено снабдување со крв и крвни продукти, како и придонес во промоција и унапредување на крводарителството на територија на град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави