Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ уште го анализира предложениот Закон за ЈО

ВМРО-ДПМНЕ уште го анализира предложениот Закон за ЈО, за да ги спореди со нивниот предлог во насока на добивање квалитетно законски решенија, рече портпаролот на партијата, Димче Арсовски.

Во однос на забелешките на постојниот Закон за Јавно обвинителство којшто го предложи Зоран Заев, односно власта што го предложи до Собранието, од моите информации од внатре од Собранието се уште не е стигнат во Собранието предлог текстот. Но во однос на забелешките се уште се вршат анализи, така да во најкус можен рок во некој од следните денови ќе излеземе детално со забелешките на нивниот. Во меѓувреме фокусирани сме на финиширање на нашиот и ќе излеземе со конкретни предлози во однос на нашиот, а  во делот за одбивањето на Вилма Русковска тоа е веќе добро познато и која е причинита и нејзината поврзаност со власта, така да очекувајте во некој од следниве денови да излеземе со конечни забелешки и конечни предлози, рече Арсовски.

Тој истакна дека ќе почекаат да се завршат анализите, да ги видат сите забелешки односно колку е спротивен владиниот со нивниот предлог, па потоа ќе ги кажат конкретните постапки во однос на донесување на законот.

-Да не прејудицираме однапред кој закон би бил основа за носење на законот за Специјално обвинителство, веќе неколку пати имаме кажано дека овој закон кој што го поднесува Зоран Заев веруваме дека не е со искрени намери. Туку можеби е закон кој што ќе сака на некој начин да се амнестираат тие како влада. Така да почекаме сепак уште ден, два да завршиме со анализите и веднаш потоа ќе ги знаеме сите чекори следни кои што ќе ни следат за носење на законот, рече Арсовски.

 

Треба да знаете
Последни објави