Фудбалскиот клуб Барселона, повикувајќи се на финансискиот извештај за сезоната 2018./19, веќе осма година по ред остварува профит.
Каталонците имаа приходи од 990 милиони евра, а расходите изнесуваат 973 милиони евра. Ако се изостави данокот што треба да се плати, добивката на Барса од минатата сезона изнесува 4,5 милиони евра.
За огромното богатство на Барселона зборува и фактот дека, според Форбс, станува збор за четврти највреден спортски клуб во светот, односно неговата вредност достигнува 4,4 милијарди долари.
На листата на Форбс, пред Каталонскиот клуб се наоѓаат Реал на третото место со 200 милиони долари повеќе, а пред двете шпански екипи се наоѓаат бејзбол тимот Њујорк Јекиз на второ и НФЛ екипата на Далас Каубојс.