На социјалните мрежи се појави шокантно видео од авион во кое се гледа како љубоморна жена со лаптоп го удира своето момче по глава. Причината за кавгата е тоа што мажот погледнал во друга жена во авионот.
Стјуардесата се обидела да ја смири очигледно лутата девојка и ја предупредила да престане да пцуе затоа што зад неа имало дете, на што бесната жена не се обѕирала.
https://twitter.com/juliascorupco/status/1153149067465113601
Кога екипажот во авионот побарал од мажот да се пресели во друго седиште, за да ја смири ситуацијата, лутата жена целосно ја изгубила контролата, тргнала по него и почнала да го удира по глава со лаптоп.
Откако успеале да ги одвојат, еден стјуард ѝ рекол дека ќе биде обвинета за напад, на што таа одговорила: „В ред, не ми е гајле”, пишуваат медиумите.