(Видео) Кристина Агилера падна на концертот во Русија додека слегуваше на сцената

Американската пејачка Кристина Агилера имаше инцидент на концерт во Русија кога се лизна и падна по скалите, слегувајќи на сцената.

Кристина имаше концерт во Санкт Петербург, а несреќата што ѝ се случи ја  забележаа нејзините обожаватели кои беа во првите редови. Снимката  се појави на социјалните мрежи.

Паѓањето по скалите беше без последици, а танчарите на сцената веднаш се упатија да ѝ помогнат. Пејачката веднаш застана на нозе и го продолжи концертот како ништо да не се случило.

Треба да знаете
Последни објави