Ќерката на Синиша Михајловиќ, Викторија, се нашла на удар на фановите на Инстаграм кои ѝ забележале што објавува среќни фотографии од излегувања додека нејзиниот татко се бори со опасна болест.
“Излегувам од дома и луѓето ме гледаат како да велат: Дали навистина излегува во оваа ситуација? Боже, дали се смее? Поставува ли фотографии на Инстаграм?
Дали знаете за што ви зборувам? Излегувам бидејќи сакам да излезам. Се смеам колку што ми се смее и објавувам фотографии кои сакам да ги објавам!
И знаете што треба да направите? Треба да ме погледнете и да сфатите дека во животот треба да реагираш. Ако некој се смее, фотографира, излегува…тоа е бидејќи, дури и ако во нашето животно патување наидеме на пречки, никогаш не треба да заборавиме да бидеме луѓе! Луѓе со душа! И треба да се чувствуваме живи: да се смееме, да се шегуваме, да се дружиме со пријателите и да испиеме неколку пива.
“Сеедно, ве сакам”, напишала најстарата ќерка на Миха на Инстаграм, а оваа порака наишла на голем број позитивни коментари.
Нема сомнение дека по нејзините зборови сите добро ќе размислат.
Да потсетиме, Михајловиќ минатата седмица направил прегледи по кои објавил дека боледува од хронична леукемија, болест која се јавува во подоцниот животен период. Таа почесто напаѓа мажи отколку жени.
Оваа болест има три фази – прво е хронична која може да трае три години. Без терапии, таа минува во фаза на акцелерација, која означува напредок на болеста и преминување во бластна криза, во која болеста се однесува како акутна леукемија, брзо напредува и доведува до смртен резултат. Лекот “гливек” чија употреба е одобрена во 2001-ва година, покажал одлични резултати во лечењето на заболените од оваа болест.
Михајовиќ решил да се лечи во клиниката “Сент Орсола – Малпиги” во Болоња, која една од најдобрите кога станува збор за лечење на оваа сурова болест.