Европската инвестициска банка до крајот на годината ќе прекине со кредитирање на Турција поради геолошки истражувања во близина на Кипар.
– Како банка на ЕУ, ЕИБ почитува препораки од Советот на ЕУ и ќе воведе ограничен пристап до нови кредити до крајот на годината, изјави претставник на банката.
Тоа ограничување нема да се однесува за проекти што се поврзани со приватни турски компании, тврди изворот.
На 15 јули ЕУ одобри воведување санкции за Турција поради геолошки истражувања во економска зона на Кипар.
Советот на ЕУ одлучи да ги запре преговорите за потпишување сеопфатен договор за воздушен транспорт, да прекине со работа Советот за асоцијација ЕУ-Турција и да се намали финансиската помош за Анкара во 2020 година.
Дијалогот на високо ниво меѓу ЕУ и Турција исто така е прекинат.