Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека ако друго американски беспилотно летало ги нару[и границите на Исламската република, ќе биде веднаш уништено, пренесува „Спутник“.
Американската војска претходно тврдеше дека еден американски воен брод во Ормускиот Проток уништил ирански беспилотни летала откако се нашол во нивниот „опасен опсег”. Иранската војска го негираше тоа, наведувајќи дека дронот безбедно се вратил во својата воздухопловна база.
Веста доаѓа како реакција на уништувањето на американското беспилотно летало во јуни од страна на ИРГЦ. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по инцидентот американските сили планирале одмазднички напад против Иран, но тој го запрел тоа 10 минути пред почетокот на операцијата. Тој, исто така, истакна дека Техеран не бара ескалација на тензиите, но дека ќе го одржи редот во регионот.
„Нема никому да дозволиме да предизвика неред во Персискиот Залив и во Ормускиот Проток, но сепак не бараме ескалација и воена конфронтација”, рече Рохани.
Иранскиот претседател истакна дека Ормускиот Проток не е платформа за играње со меѓународните регулативи и посочи дека Техеран е подготвен за преговори, но не и за предавање.
„Сè додека ја имам одговорноста за извршните обврски на земјата, целосно сме подготвени за праведни, правни и чесни преговори за решавање на проблемите. Но, во исто време, не сме подготвени да седнеме на масата на предавањето за наводни преговори”, рече Рохани.