Кирацовски најави тужба – Азманов му се извинува 

Кирацовски најави тужба – Азманов му се извинува 

Одкако вчера пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, најави тужба за клевета против бизнисменот Зоран Азманов, кој во интервју го обвини дека во одреден медиум нарачувал текстови против него.

-Трендот на лажни вести мора да запре. На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај. За лагите и клеветите (на ниво на глупости), кои господинот Зоран Азманов ги искажа во интервјуто за извесен портал, ќе добие соодветна тужба, секако после шансата да се извини. Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!“, напиша Кирацовски на својот профил на Фејсбук.

Бев погрешно информиран дека Кирацовски не дозволувал да се тргнат некои наслови и затоа се извинувам за таквата изјава во врска со Кирацовски за Инфомакс. Вака одговорил Зоран Азманов откако „Доказм“ му забележал што го вмешал Александар Кирацовски околу влијанието врз порталот.

Како што пишува „Доказм“, бизнисменот дознал од трето лице дека Кирацовски имал влијание врз овој портал, а тоа директно не му било предочено од сопственикот на порталот и затоа го кажал во интервјуто за Инфомакс.

 

https://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/posts/1179886735543409?__xts__[0]=68.ARCH7P0a9I3au3PwdDjdyVGvZD0dnAQmc8GvXodK97iYnihWFnhFo6JEK6vi0CYk8D1iTZu3-eY5HM5kQtRtb9Cfi00Wo2WLQKPParPL6yMaKZljCq_bYCQDR214c75NZMD6Z3I1Nj7K866Xp6xlsQ0uhrM-T9a3165HtnUtwGscMXTj8El0s4t-tyn1zuXpkPuachFRvRObUV2o5wBrVF3efaqeZUCzD5tgDhC-nqTM82ThLkZdw5e9JrYFQfOHt9Rs_qFbKx7L77JT3yPFdQom414mC-fDIopx27_qE2FKwRVuZG5gzaRr1rm7Q5om7c6FLnVUACdxod6JyKHjbjLTvw&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави