Лесен десерт кој децата ќе го обожуваат!
Состојки:
– половина килограм лубеница
– една лажица мед (може и малку повеќе)
– една рака ситно сецкани листови мента
– две лажици рендана кора од лимета или лимон
– малку сол
Ставете ја во блендер лубеницата и медот и блендирајте додека не стане кремасто. Додадете мента, лимон и сол, па измешајте рачно.
Истурете во калапите за сладолед (можете да користите и обични пластични или хартиени чаши). Ставете стапчиња во средина.
Можете и да користите обични калапи за лед.
Оставете да замрзне барем два до три часа.