Летна акција за собирање кабаст отпад во Општина Бутел

Општина Бутел во соработка со ЈП Комунална хигиена од 26 – 27.07.2019 г. ќе ја спроведе акцијата за собирање кабаст отпад.
Ги информираме граѓаните што имаат кабаст отпад да гоизнесат пред своите домови, поточно пред влезните врати на нивните дворови за да можат нашите служби да го товарат и да го одложат во големите контењери за отпад, што се поставени на следниве три локации:
1. ул. ,,Груица Војвода,, (позади кино Бутел),
2. На скверот на улиците ,,Хо Ши Мин,, и ,,Рудо,,
3. На првиот влез во Радишани кај спортската сала ,,ИванХаџи Николов,,
Граѓаните што се подалеку од контејнерите нека ја искористат бесплатната услуга на општинските камиони и својот кабаст отпад нека го остават пред своите порти во наведените два дена.
Треба да знаете
Последни објави