Марк Еспер и официјално стана нов американски министер за одбрана откако ноќеска положи заклетва пред човекот што го предложи на функцијата, американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Белата куќа.
Кандидатурата на Еспер вчера беше одобрена од Сенатот.
На тој начин, за првпат по повеќе од шест месеци Пентагон доби активен командант без префиксот „вршител на должноста“, пренесуваат светските агенции.
Еспер, кој пред оваа функција беше министер за копнените сили во структурата на Пентагон, кон крајот на јуни беше назначен за началник на одделот.
Пред тоа, ингеренциите на министер за одбрана ги извршуваше Патрик Шанахан, кого Трамп на крајот одлучи да не го предлага за одобрување пред Сенатот.
Претходниот министер за одбрана, Џејмс Матис, кој на функцијата беше од почетокот на администрацијата на Трамп, во јануари 2017 година, на 31 декември 2018 година си поднесе оставка.