На денешна владина седница именувани се нови директори
На денешната владина седница беа донесени одлуки за пополнување на дел од испразнетите места, откако минатата недела беа разрешни 70 директори, членови на управни и надзорни одбори. За нови директори се именувани:
- Висарa Риза за в. д. директор на Агенција за лекови и медицински средства
- Милан Запровски за в. д. директор на Државен инспекторат за земјоделство
- Емил Крстевски за в. д. директор на Државен архив
- Арбен Вила за в. д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот
- Дејан Богоевски за в. д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем
- Пајазит Лика за в. д. заменик директор на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
- Армир Садики за в. д. директор на Биро за јавни набавки
- Ване Цветанов за в. д. претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата
- Рефик Мустафа за в. д. директор на Управа за електронско здравство
- Марјан Огненовски се разрешува од должноста од управител на Трговско друштво Нафтовод ДООЕЛ – Скопје, а негово место доаѓа Зоран Исајловски
- Милутин Станиќ се разрешува од должноста директор на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, а се назначува Славица Тодорова