Опасна кобра се приближи во куќа во која спиеше бебе: Две храбри кучиња до смрт се бореа со неа, еве што снимија камерите
Надзорните камери снимија вистинска драма пред една семејна куќа во Кидапаван Сити на Филипини.
Имено, кон куќата се приближила опасна кобра која прво ја забележал јазовичарот Мокси. Веднаш почнал да лае, а пото му се придружил и другиот јазовичар Мајли.
Кучињата почнале да се борат до змијата, едниот ја касна за опашката, а другиот за глава.
По две минути борба, кобрата е убиена, но Мајли имал неколку сериозни последици од каснувањето на змијата.
Moment heroic dogs give their own lives to save sleeping toddler from cobra that was trying to get into their house in Philippines https://t.co/3dmaO07r9L
— Daily Mail Online (@MailOnline) July 23, 2019
Инаку, ќерката (1) на газдата на куќата била внатре и спиела, па најверојатно затоа и кучињата се возбудиле.
Кога Хаиме Селим се вратил дома се изненадил од глетката.
„Бевме шокирани, но и горди на нашите кучиња“, рече тој.